Милан Илиевски дебитира на клупата, Работнички оди по бодови во Штип!

161

Прво, па гостување во Штип, кај Брегалница. Милан Илиевски, новиот стратег на Работнички, своето деби како шеф на стручниот штаб на еден од нашите најголеми и најтрофејни клубови, ќе го има денеска и тоа под Исарот.

Тој и неговиот прв асистент, Баже Илијоски, двајцата легенди на клубот од Градски парк, добија шанса да се покажат и како тренери. Знаеме што му донесоа на клубот како играчи, но сега е време за тренерскиот занает.

Натпреварот во Штип се игра денеска од 15 часот, секако дека на Работнички нема да му биде лесно. И штипјани сезонава не ја започнаа според посакувањата, па и тие ќе имаат свои мотиви да дојдат до бодовите.

Од друга страна Работнички низ историјата знаел и тоа како дoбро да одигра во Штип, па и убедливо да победи. На последното гостување Работнички славел со 0:3, претходно и со 1:2. Вкупно на последните три мечеви со Брегалница, тимот на Работнички има три победи. На последните пет средби има дури четири победи. Па така во некоја рака Брегалница му е вистински “пациент“ на тимот од Градски парк.

ПретходноАмериканките како „ураган“ до нова светска титула!
СледноРакометарките по реванш против Норвешка!