Мурињо го тресна „својот“ Интер и тоа на „Меаца“ (видео)

222

Екипата на Рома со победа се враќа од „Џузепе Меаца“. „Волчицата“ во рамките на 8. Коло  на Серија А славеше победа со 2:1 над Интер во гости и покрај тоа што први примија гол. Во 10 минута Џеко ја начна мрежата но судијата по реакција на ВАР го поништи голот поради офсајд. Во 30 минута Димарко го доведе Интер во водство, сепак, девет минути подоцна Дибала го изедначи резултатот.

Во 75 минута Крис Смолинг ја донесе победата на Рома на овој меч. Ова е и победа на Жозе Мурињо над својот поранешен клуб со кој освои тројна круна.

Рома ја забележа петтата победа, а Интер четвртиот пораз.

ПретходноБез победник на дербито во Кавадарци, Е. Пелистер лесно до нова победа!
СледноВердер го растури Менхенгладбах, Филкруг изби на чело на листата на стрелци (видео)