Полувреме во Ѓорче: Македонија ЃП и Струга ТЛ играат здодевен фудбал, без ризик, мрежите мируваат!

109

Во Ѓорче по првите 45 минути од првиот меч од 9.коло во ПМФЛ, Македонија ЃП и Струга ТЛ играат без голови. По малку здодевно, без премногу ризик и беа нити една шанса за гол на двете страни. Единствените закани ги имаа домашните во 5. и 8.минута по ударите на Мишевски и Стоилов.

Струга ТЛ е некако мирна, тивка, имаше обиди за добри акции и шанси пред домашниот гол, но лидерот на табелата не успеа да создаде убава можност за гол, па затоа и резултатот по првите 45.минути е 0:0. Интересно, првиот корнер дојде дури во 45 минута.

Се разбира дека и од двете екипи, а посебно од Струга ТЛ се очекува во второто полувреме далеку подобро издание.

ПретходноПрилеп ја оствари првата победа во Суперлигата
СледноАБА 2 лигата повторно турнирски: Македонското дерби на Златибор уште во 1. коло