Попладнево во Тетово во меч од 6.коло во ВМФЛ меѓу Тетекс и Саса, домашен фан во еден момент влета во теренот и со тупаница го удри гостинскиот играч Бошко Ступиќ. Тоа се случи во моментите кога гостите имаа водство од 0:2 по што судијата го прекина натпреварот.
Полицијата во Тетово го уапсила навивачот и ќе поднесе прекршочна постапка. А најверојатно и Тетекс ќе заработи казна поради лоша организација.
„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопштија од полицијата.