Шабани: Струга ТЛ против “лавовите“ треба да го “извади“ најдоброто од себе!

159

 

Време е за мак – фудбал. По двонеделната пауза поради настапите на нашите репрезентации, денеска продолжуваат настаните од ПМФЛ, и тоа со два меча од 9.коло.

Од 14 часот во Ѓорче, фантастичната Струга Трим Лум му гостува на составот на Македонија ЃП. Тешко гостување за тимот кој досега практично е непобедлив. Има биланс од 8 победи во исто толку натпревари од стартот на сезоната,

За тоа дали може Струга ТЛ да дојде до девет од девет, свој коментар има капитенот на тимот Буњамин Шабани:

“Лично очекувам интересен натпревар со многу квалитетен противник. Сите знаеме како ние ја започнавме тековната сезона, но тоа е минато и тоа треба да се остави зад нас. Секој нареден меч и уште поважен. Јасно е дека Струга ТЛ сака продолжување на серијата, но тоа да се случи ќе мора Струга ТЛ да го извади најдоброто од себе денеска во Ѓорче“ истакна Шабани, кој во оваа сезона просто блеска во дресот на Струга ТЛ и моментално важи за еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ.

ПретходноРеал подготвува напад – 60.000.000 евра за дефанзивецот на Сити!
СледноЃоковиќ расплака дете во Тел Авив (ВИДЕО)