Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон му врачи отказ на тренерот Бруно Лаге после лошите резултати во новата сезона. Само една победа и три постигнати гола во осум премиерлигашки натпревари оваа сезона се премалку па раководството одлучи да го ослободи од должноста.
Севкупно под водство на Лаге екипата во 46 натпревари оствари 16 победи, 9 ремија и 21 пораз. Синоќа „волците“ изгубија од Вест Хем и со тоа паднаа во опасната зона.
Инаку Лаге, кој е екс-тренер на Бенфика, во Вулверхемптон дојде во јуни 2021 година.