Дебитант триумфираше на маратонот во Лондон

72

Дебитантот Амос Кипруто од Кенија е победник на маратонот во Лондон во машка конкуренција, а кај дамите прва заврши Јалемзерф Јехуалав од Етиопија.

Кипруто, кој е „бронзен“ од СП во Доха во 2019 година, заврши на првото место со време од 2 часа, 4 минути и 39 секунди. 30-годишниот Кениец го победи Леул Гебресиласе од Етиопија, како и Башир Абди од Белгија кој заврши на третото место.

А Јехулав, која има 23 години, покажа неверојатен карактер бидејќи успеа да се опорави по падот во големата група на атлетичари, стана и продолжи да трча па заврши како победник по моќниот спринт во последните 10-тина километри.

Нејзиното време е 2 часа 17 минути и 25 секунди што е трето најдобро време на лондонскиот маратон кај жените. Бранителот на титулата од минатата година, Џизилин Џепкосгеи од Кенија заврши на второто место, а третото и припадна на Алему Мегерту од Етиопија.

Инаку победата на Јехуалав доаѓа само шест месеци откако таа го имаше своето деби на оваа далечина, а воедно стана и најмладата шампионка во англиската престолнина.

 

ПретходноВулверхемптон го отпушти тренерот
СледноЈувентус го истури бесот врз Болоња (видео)