Дориев: Кратко и јасно, Шкендија против Победа оди на три бода!

178

Попладнево од 15 часот на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп, Шкендија ќе и гостува на тимот на Победа. Повеќе од јасно е дека на тетовци, кои важеа за големи фаворити за освојување на титулата, сезонава не им тргна најдобро, па затоа денеска по секоја цена мора да победат.

Напаѓачот Љупче Дориев, во пресрет на денешиот дуел во Прилеп, истакна:

Тука нема што да се зборува. Кратко и јасно, Шкендија против Победа оди на трите бода. И не само против Победа, туку против сите екипи во ПМФЛ. Прилепчани не смеат да се потценат, тие се незгодна екипа, посебно кога играат дома. Посебно кога играат против екипи како Шкендија тие се двојно помотивирани“ посочи Дориев.

ПретходноВенци Стефанов со нова провокација: Ни помогна нивната злоба, победата на Бугарија ја донесоа двајца наши Македонци!
СледноБитка за Манчестер: Сити против Јунајтед, Халанд против Роналдо, фудбал за мерак!