Манчестер Јунајтед ја засилува потрагата по заменик на Давид Де Хеа на голот. Според информациите од клубот, голманот на Порто, Диого Коста, е една од опциите за нов голман на „Олд Трафорд“.
На Де Геа не му одговара начинот на кој Ерик Тен Хег сака да игра Манчестер Јунајтед. На Шпанецот, иако е одличен голман, му е непријатно со топка во нозете и беше критикуван од голем број менаџери на Јунајтед за неговата тенденција да стои на гол-линијата при нафрлање.
Јунајтед ја започна сезоната со порази, а Де Хеа беше виновен за една грешка против Брентфорд за која доби доста критики.
Португалецот Диого Коста има седум натпревари за својата земја и е редовен стартер на голот на Порто. 23-годишниот голман игра добро со топка во нозе и Јунајтед чувствува дека португалскиот голман е играч од кој може да се очекува да ја преземе улогат ана прв чувар на мрежата на „ѓаволите“.