Итен состанок во Севиља: Се подготвува отказ за Лопетеги

125

Раководството на Севиља ќе одржи итен состанок по поразот од Атлетико Мадрид со 2-0 доцна синоќа, открија шпанските медиуми. Клубот од Андалузија е во сериозна криза од почетокот на сезоната.

На состанокот ќе се решава иднината на тренерот Хулен Лопетеги. Најавите се дека тој се очекува да добие отказ во блиска иднина.

Шефовите му дадоа „карт бланш“ на менаџерот за уште еден натпревар по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но сега Севиља потфрли и против Атлетико.

ПретходноДимитријевиќ со 17 поени во големата стартна победа на У. Казан во ВТБ лигата
СледноСити го демолира Јунајтед за едно полувреме, навивачите почнаа да си заминуваат (ВИДЕО)