Веќе пренесовме дека во Индонзија, во источна Јава по мечот меѓу Арема и Персебаја, во големото тамошно дерби се случи голема трагедија, страшна трагедија во која има најмалку 130 мртви и околу 300 лица кои се повредени. Утринава тоа е главна вест во светските медиуми.
Инаку инцидентите почнале по завршувањето на натпреварот кој домашните го загубиле. Фановите влегле на терен и дошло до стампедо. Се известува дека има и неколку полицијаци кои го загубиле животот, а имало и петгодишно дете.
Страшно. Ви пренесуваме низa фотографии, дел од ужасот кој се случи во Индонезија.
ФОТО: Twitter