Новак го освои турнирот во Тел Авив за 89. трофеј во кариерата

406

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои АТП 250 турнирот во Тел Авив. Без изгубен сет стигна до трофејот, а денеска во финалето по 19. пат (во 21 дуел) го совлада Марин Чилиќ со 2:0 (6:3 и 6:4). Ова е голем чекор за Новак во борбата да остане меѓу 20. тенисери во АТП листата во актуелната календарска година. Со освојување на овој турнир освои 250 бодови и го сочува 15-тото место.

Инаку ова е 89. Сингл трофеј во кариерата, а наредната, 90. ќе ја брка уште утре во Нур Султан во Казахстан исто така од АТП 250 серијата. Таму стартува против Кристијан Гарин, моментално на 79 позиција на АТП листата.

ПретходноТен Хаг објасни зошто не го внел Роналдо во второто полувреме
СледноЛудо: На Халанд му требаа само 8 меча за три хет-трика во Премиер лигата