Екипата на Реал Мадрид одигра само 1:1 со Осасуна во 7.коло на шпанската Ла Лига и со тоа остана на второто место на табелата иако има исто бодови со лидерот Барселона. „Кралевите“ влегоа како фаворити, а поведоа со погодокот на Винисиус во 42 минута. Сепак, изедначи Кике Гарсија во 50. Минута со што им ја отежни работата на домашните фудбалери.
Во 79 минута момците на Карло Анчелоти добија шанса за победа. Унаи Гарсија направи пенал и доби црвен картон, а судијата покажа пенал. Карим Бензема го изведе меѓутоа ја погоди пречката од голот.
Статистиката вели дека Бензема трет пат промашува пенал против Осасуна и сите во 2022 година, што значи дека голот на оваа екипа е како маѓепсан за него.
Осасуна си замина од „Бернабеу“ со бод што е прво нивно реми сезонава. Моментално оваа екипа е на шестото место со 13 бодови.
En temporadas anteriores le costaba una enormidad hacer un gol.
Ahora Vinicius🇧🇷 hace goles hasta sin querer pic.twitter.com/SD8E6doidm
— En el VAR (@EnElVar) October 2, 2022
Karim Benzema miss from the penalty spotpic.twitter.com/UK6xrm2gUR
— FOOTY HUB (@FootyHub12) October 2, 2022