Ристовски и Адеми испишаа историја со Динамо Загреб

1222

Нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот тим Динамо Загреб на стартот на оваа сезона испишаа историја. За што поточно станува збор?

Во првите единаесет кола Динамо има десет победи и само едно реми, што е најдобар старт на сезона во историјата на клубот. Единствен кој досега му одолеа на атаците на неприкосновениот владетел на хрватскиот шампионат во изминатата деценија е тимот на Вараждин со кого „Модрите“ одиграа 1:1.

Ристовски и Адеми секако се стандардни и незаменливи на своите позиции, а и во Европа, тимот на Динамо засега одлично се снаоѓа сезонава.

 

 

ПретходноАлкалоид покажа сила и ја “скрши“ Струга, Е.Пелистер 2 лесно до триумф со Скопје! (ФОТО)
СледноЛидс и Астон Вила одиграа без голови