Повеќе од јасно е дека дербито на денот се игра во Премиерлигата во меч од 9.коло. На „Етихад“ се среќаваат Сити и Јунајтед. Манчестер ќе “гори“, ова е битка за Манчестер, Пеп против Тен Хаг, Халанд против Роналдо, ова се само дел од она што може да се очекува од ова спектакуларно дерби меѓу Сити и Јунајтед.
Историјата е на страната на “црвените“ според сите параметри, но во последната деценија “сините“ се подобри, имаат повеќе победи и многу, многу титули во најсилната лига во светот.
Јасно е дека ова ќе биде фудбал за мерак, фудбал за уживање на вистинските фудбалски фанови кои знаат што е фудбал.
Сити е втор, зад Арсенал и е веројатно фаворит на ова дерби, сепак Јунајтед по очајниот старт врза одлична победничка серија и затоа се е можно во поглед на исходот на овој мега – дуел на англиските гиганти.
Натпреварот почнува во 15 часот.