Димитријевиќ со 17 поени во големата стартна победа на У. Казан во ВТБ лигата

130

Ненад Димитријевиќ и неговиот нов клуб Уникс Казан тргнаа со голем победа во новата сезона од ВТБ лигата. На гостувањето кај Зенит, кој пред само неколку денови го освои Суперкупот победувајќи ја ЦСКА на Рајковиќ во финалето, Нено и неговите соиграчи славеа во дрматична завршница со 82:79.

Со 17 поени, нашиот репрезентативец беше втор најдобар реализатор кај победничкиот тим, покрај Рејнолдс кој постигнаа 22. Димитријевиќ помина 32 минути на паркетор со реализација 6/10 за два поени и 0/1 за три, а 6 поени постигна и од линијта за слободни фрлања (6/11).

ПретходноШампионот се враќа дома: Струмица Н. во ЦЕВ Купот, сепак, ќе игра во својата сала
СледноИтен состанок во Севиља: Се подготвува отказ за Лопетеги