Михаилов: Силекс заслужи да е онаму каде што е, тензии имало и ќе има, и тоа е нормално

807

Тимот на Силекс денеска заработи огромен бод на гостувањето на Чаир. Одигра 0:0 против тимот на Шкупи во меч во кој имаше од се по нешто. Недостасуваа головите, но мечот беше преполн со возбудувања како на теренот, така и надвор од него.

„Пред се честитки за играчите на Силекс кој што ги исполнија сите мои замисли пред мечот на терен и заедно успеавме да извлечеме поволен резултат. Нормално е дека кога ќе одиграте реми на Чаир, против актуелниот шампион на Македонија, секако дека е голем успех, но факт е дека може да жалиме за пропуштените шанси кои можеа да ни донесат и победа. Мислам дека тоа ќе беше заслужено. 

Мислам дека треба да сме горди на она што го играме во моментов, Силекс во континуитет игра добро, суверено ја освоивме втората лига лани, игравме куп финале, сезонава одлично ни оди и мислам дека заслужено сме онаму каде што сме. Благодарност до Шкупи, пред се до управата за добрата реакција при тензичните моменти. Нормално е тоа да го има, ова е фудбал, и воопшто не сум ниту изненаден ниту обвинувам некого. Напротив, благорадност до домаќинот за приемот, благодарност до моите играчи за одличната претстава“ – изјави за Спортмедиа стратегот на Силекс, Горазд Михаилов.

 

ПретходноМојсов: Ова се најтешки мечеви, а заслугата за победата е на играчите
СледноАлкалоид покажа сила и ја “скрши“ Струга, Е.Пелистер 2 лесно до триумф со Скопје! (ФОТО)