Португалецот Мигуел Оливеира е победник на хаотичната трка во Мото ГП за големната награда на Тајланд. Трка која поради силниот дожд беше одложена, па започна со доцнење од еден час. Во тие 25 кругови навистина имаше што да се види, но сепак најважно е тоа што најбрз беше Оливеира, инаку ова беше негова втора победа сезонава.
На второто место заврши Џек Милер, додека трет беше Франческо Бањаја, додека Фабио Квартараро дури 17-ти.