Натпреварите во Шпанија ќе почнат со минута молчење во спомен на жртвите од Индонезија

138

Натпреварите од 7. и 8. коло на Ла Лига ќе започнат со едноминутно молчење во спомен на жртвите од стампедото на стадионот во Индонезија, објави официјалниот сајт на лигата.

„Со овој гест Ла Лига сака да го изрази своето сочувство до индонезискиот народ, особено до роднините на загинатите во трагедијата на стадионот на островот Јава, а исто така да посака брзо закрепнување на повредените за време на судирите“, се вели во соопштението.

Да потсетиме дека трагедијата се случи по натпреварот од шампионатот на Индонезија меѓу Арема и Персебаја (2:3) на стадионот „Канџурукан“ во Маланг. По последниот судиски свиреж, немирното однесување на навивачите прерасна во нереди. Навивачите изрипаа на тревникот, дојде до пресметка меѓу нив и полицијата. Разјарените навивачи почнаа да фрлаат разни предмети кон безбедносните сили, на што како одговор полицијата употреби палки и солзавец. Методите на спроведување на законот предизвикаа паника во толпата. Навивачите почнаа да бегаат и направија стампедо, што резултираше со смрт на многу луѓе.

ПретходноАлкалоид во атак на нова победа
СледноРасел казнет: Ќе мора да стартува од боксот на ГН на Сингапур