Со оглед на тоа дека беше казнет, стратегот на Рома Жозе Мурињо не можеше да седи на клупата на својот тим синоќа на големото дерби со Интер, меч кој Рома го доби со 1:2.
Португалецот натпреварот го проследи на паркингот пред „Џузепе Меаца“ во едно специјално комбе. По мечот тој имаше свое шоу, не ја криеше радоста откако Рома славеше над неговиот поранешен тим со кој стигна до “триплета“ во таа фамозна сезона за Интер, 2009/2010.
Крикот по мечот беше доказ колку ми значеше оваа победа на Рома.
Mourinho is a different breed 😂pic.twitter.com/fHzM0AipSj
— MourinhoXtra™ (@Mourinho_Xtra) October 1, 2022