Заврши уште една трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат. Истата се возеше во Сингапур, а првото место го освои Серхио Перез. Иако на стартната листа мексиканецот беше втор во редоследот, сепак по само еден свиок веќе ја поведе трката, и не ја испушти од раце што се вели. Самата трка поради обилен дожд стартуваше со задоцнување, и истата изобилуваше со излетувања и инциденти.
Човекот кој ја имаше пол позицијата Шарл Леклер заврши како втор на оваа трка, а на пиедесталот се играчи и Саинц.