Иако прославата, односно манифестацијата за доделување на “Златната топка“ е закажано за 17 октомври, сепак се чини дека се знае кој е освојувачот на ова престижното признание. Имено протекоа информациите, односно ранкингот па така, ако им се верува на ови шпекулации, победник е Карим Бензема, кој освоил 521 глас, втор е Садио Мане со 298, а третопласиран Винициус Жуниор со 190 гласови.
Јасно е дека ако Бензема не ја освои “Златната топка“ тоа ќе биде своевидна сензација ако се знае во каква форма и што освои тој во оваа 2022 година.
Инаку последен Французин кој дошол до ова признание е Зинедин Зидан во далечната 1998 година кога “триколорите“ беа светски прваци.