Силекс е добар гостин, ја остави соблекувалната на Чаир за „десетка“

1565

Денеска на Чаир се играше дуел во кој имаше многу интензитет, тензија, прекини и напнатост. Како на терен, така и на трибините. Шкупи и Силекс си ги поделија бодовите, и секој оној кој што го гледаше овој дуел  ќе каже дека тоа е реален развој на настаните. Домаќинот имаше свои моменти, но имаше и Силекс, па мечот лесно можеше да замине во било кој правец.

По завршувањето на истиот уште малку тензија, интервенција на полицијата, но на крајот се се заврши како што треба. Силекс благодарение на тоа, како добар гостин ја остави соблекувалната за „чиста десетка“ онака како што доликува на некогашен шампион на Македонија и очигледно кандидат сезонава за највисок пласман.

 

ПретходноПерез го освои Сингапур
СледноМојсов: Ова се најтешки мечеви, а заслугата за победата е на играчите