Сити го демолира Јунајтед за едно полувреме, навивачите почнаа да си заминуваат (ВИДЕО)

208

Фудбалерите на Манчестер Сити ја наполнија мрежата на градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 4 гола за само едно полувреме. Од големото градско дерби нема ни „Д“ со оглед на дебаклот кој им се заканува на гостите.

Во првите 45 минути на теренот на „Етихад“ има само еден тим, а тоа е оној кој од клупата го води Пеп Гвардиола. Фоден и Халанд постигнаа по два гола и најавуваат тотален „колапс“ на градскиот ривал.

Незадоволни од она што го гледаат, дел од гостинските навивачи го напуштија стадионот уште пред да заврши првото полувреме.

ПретходноИтен состанок во Севиља: Се подготвува отказ за Лопетеги
СледноЗамената за Де Хеа, Манчестер Ј. ја најде во Порто