Кога на еден дуел двајца играчи од еден тим ќе постигнат хет рик тогаш станува јасно дека таа екипа доминирала на дуелот. Епа таков е случајот со екипата на Манчестер Сити, чии што Фил Фоден и Ерлинг Халанд постигнаа по три гола во големиот, огромен триумф во гратското дерби против тимот на Манчесте Јунајтед од конечни 6:3.
Фантастичната партија на Фоден и Халанд беше навестена уште во првите минути од дуелот, во кој Сити доминираше по поведе уште во осмата минута. Со двата гола на Халанд до 37. минута веќе беше 3:0, за да Фоден додаде свој втор и во 44. минута веќе е 4:0.
Ентони намали на 4:1, за да Халанд и Фоден погодат по уште еднаш за високи, огромни 6:1 во 73. минута. Во самиот финиш Ентони Мартиал еднаш од игра, а вториот пат од пенал ги постави конечните 6:3.
Haaland‘s goal again !! 3-0
pic.twitter.com/EbleAQEzH9— MCFC BLUE FOREVER (@KDB17MCBM) October 2, 2022