Македонскиот одбојкарски шампион Струмица првиот меч од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак, ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на тоа што салата на СЦ „Јане Сандански“ е презафатена, Струмица Никоб доби дозвола од ЦЕВ мечот со хрватска Мурса да го одигра во салата „Парк“.
„Добивме дозвола мечот да го играме во нашата сала. Ќе има промена на терминот, така што најверојатно средбата ќе се одигра на 13 октомври од 19 часот. Салата во Скопје е презафатена, па за нас и подобра варијанта е што ќе играме пред нашите навивачи. Очекуваме полна сала, поддршка за победа“, вели капитенот и претседател на клубот, Владо Милев.
Реваншот во Осијек ќе биде според планираното на 19 октомври.