Јирген Клоп не му верува на своето најскапо летно засилување

423

Поранешниот напаѓач во англиската Премиерлига, Ноел Вилан, тврди дека менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп не му „верува“ на најскапото летно засилување, Дарвин Нуњез.

Напаѓачот му се приклучи на Ливерпул ова лето од Бенфика, но допрва треба да ги покаже своите квалитети во Премиер лигата. Нуњез против Брајтон влезе во финишот на мечот, и остана практично без ефект.

„Ако Клоп му веруваше и мислеше дека може да го постигне победничкиот гол, ќе го ставеше во игра многу порано. Тој очигледно знае дека има подобри опции од Нуњез, и тоа не е изненадување со оглед на настапите на Жота во минатото“, вели Нолан.

Легендата на Арсенал, Емануел Пети тврди дека дури пет играчи на Ливерпул „не се на премиерлигашко ниво“ оваа сезона. Говорејќи по ремито со Брајтон, Пети тврди дека Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дијк, Тиаго, Фабињо и Џордан Хендерсон се надвор од форма комплетно.

„Тие ги зедоа „црвените“ за врат и мислам дека Ливерпул е многу невешт. Направија толку многу грешки во одбраната и Брајтон тоа го искористи. Ако го земете Фирмино, кој постигна два гола и го спаси Ливерпул, најдобар играч после него беше Алисон“, вели Пети.

ПретходноАмпаду е нов антирекордер во Серија А: Направи пенал за 39 секунди! (ВИДЕО)
СледноШампионот се враќа дома: Струмица Н. во ЦЕВ Купот, сепак, ќе игра во својата сала