Денеска со мечевите во Скопје меѓу Алкалоид и Струга, како и во Битола меѓу Е. Пелистер 2 и Скопје, ќе биде комплетирано 5.коло во нашата ракометна Суперлига.
Се разбора дека во преден план е дуелот на четата на Кире Лазаров против стружани. До мечот со Вардар, Алкалоид беше перфектен, но еден загубен меч не смее да ги поремети плановите на Лазаров и неговите избраници.
Јасно е дека Алкалоид, денеска од 17 часот, во салата СЦ “Борис Трајковски“, ќе атакува по нова победа.
Исто така и натпреварот во Битола ќе започне во 17 часот.