Алкалоид покажа сила и ја “скрши“ Струга, Е.Пелистер 2 лесно до триумф со Скопје! (ФОТО)

138

 

И дефинитивно нема шега со Алкалоид на Кире Лазаров. Одново овој тим покажа сила, одново одигра квалитетно и успеа да ја “скрши“ Струга во меч од 5.коло во Суперлигата, победувајќи ја со 36:29 (17:13).

Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на домашниот состав на натпреварот кој попладнево се одигра во СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје.

Многу брзо Алкалоид ја презеде контролата и врз играта и врз резултатот. Во 6.минута домашните водеа со 5:1, Струга намали на само гол минус, но брзо момците на Лазаров ја вратија разлика. Струга едноставно немаше сила порамноправно да му се спротистави на домашниот состав.

Во второто полувреме Алкалоид ја користеше секоја грешка на Струга и кога веќе се знаеше кој ќе победи на овој натпревар, Лазаров им даде шанса на иние ракометари кои досега имаа помала минутажа, па затоа и разликата на крајот од “само“ седум голови, 36:29. Мартин Серафимов со девет голови беше најефикасен на средбата.

 

Во вториот меч попладнево во Битола, со што се комплетира 5.коло во ракометната Суперлига, вториот тим на Е.Пелистер, како што и се очекуваше со 28:19 успеа да го победи тимот на Скопје. Уште од почетокот на мечот младите битолчани покажаа кој е кој во овој мел и брзо направија разлика. На полувреме се замина со резултат 14:8.

Во вториот дел, и покрај обидите на гостите, Е.Пелистер 2 константно ја имаше таа потребна разлика како би влегол во еден мирен победнички финиш. Убава игра, убави голови и секако убава победа.

Најмногу голови за победничкиот тим постигна Атанасијевиќ,кој во пет наврати ја затресе противничката мрежа.No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМихаилов: Силекс заслужи да е онаму каде што е, тензии имало и ќе има, и тоа е нормално
СледноРистовски и Адеми испишаа историја со Динамо Загреб