Венци Стефанов со нова провокација: Ни помогна нивната злоба, победата на Бугарија ја донесоа двајца наши Македонци!

785

Нова бугарска провикација, нова провокација од фамозниот Венци Стефанов, претседателот на Славија Софија. Овој провокатор посебно се истакна пред и по мечот меѓу Бугарија и Македонија во Разград, во јуни, но еве не издржа и имаше свој коментар по настаните во Скопје во понеделникот, кога Бугарија победи со 0:1.

Тој исто така, за тамошните медиуми, ги искоментира и свирежите на нивната химна:

Тоа беше голема глупост. На крајот ни помогна нивната злоба. Бог ги казни. Натпреварот го решија двајца наши Македонци. Но тие се Бугари, не се од С. Македонија. Десподов е од Кресна, а Кирилов од Симитли. Еве читам во нивните медиуми дека и Бербатов бил нивни, па дури и Стоичков, навистина смешно“ опна уште една “зелена“ овој Стефанов.

ПретходноНа паркингот пред “Џузепе Меаца“: Мурињо со свое шоу по триумфот над Интер! (ВИДЕО)
СледноДориев: Кратко и јасно, Шкендија против Победа оди на три бода!