Замената за Де Хеа, Манчестер Ј. ја најде во Порто

152

Манчестер Јунајтед ја засилува потрагата по заменик на Давид Де Хеа на голот. Според информациите од клубот, голманот на Порто, Диого Коста, е една од опциите за нов голман на „Олд Трафорд“.

На Де Геа не му одговара начинот на кој Ерик Тен Хег сака да игра Манчестер Јунајтед. На Шпанецот, иако е одличен голман, му е непријатно со топка во нозете и беше критикуван од голем број менаџери на Јунајтед за неговата тенденција да стои на гол-линијата при нафрлање.

Јунајтед ја започна сезоната со порази, а Де Хеа беше виновен за една грешка против Брентфорд за која доби доста критики.

Португалецот Диого Коста има седум натпревари за својата земја и е редовен стартер на голот на Порто. 23-годишниот голман игра добро со топка во нозе и Јунајтед чувствува дека португалскиот голман е играч од кој може да се очекува да ја преземе улогат ана прв чувар на мрежата на „ѓаволите“.

ПретходноСити го демолира Јунајтед за едно полувреме, навивачите почнаа да си заминуваат (ВИДЕО)
СледноФоден и Халанд го „уништија“ Јунајтед (ВИДЕО)