Ерлинг Халанд впиша уште еден хет-трик во Премиер лигата. Тоа не само што му успеа во дебитантската сезона во најсилната англиска лига, туку и во само 8 натпревари што е најбрзо во историјата. Претходниот рекорд го држеше Мајкл Овен кој до три хет-трика му биле потребни 48 натпревари. Како илустрација Кристијано Роналдо до ист ефект стигнал по 232 натпревари.
Халанд даде три гола на дуелот со Манчестер Јунајтед, потоа против Нотингем Форест и против Кристал Палас.
Севкупно во досегашниот дел од сезоната Халанд има 14 гола и 3 асистенции.