Иако во Јувентус не блеска, напротив, но затоа во репрезентацијата на Србија игра фантастично. Јасно е дека станува збор за Душан Влаховиќ, еден од најдобрите напаѓачи во моментов во светскиот фудбал. И тој Влаховиќ е трансферна цел на ПСЖ, на веројатно најбогатиот клуб во светот на фудбалот.
Имено и покрај фактот дека во тој тим во нападот се Мбапе, Меси и Нејмар, на сите им е јасно дека недостига класична “деветка“. И изборот паднал на Србинот.
Извори од Париз велат дека на овој трансфер, и тоа во јануари, инсистирал и самиот Мбапе кој посочил дека на ПСЖ му фали “деветка“.
Исто така и стратегот Кристоф Галтие истакнал дека со Влаховиќ во тимот дел од “проблемите“ би се решиле.
Секако дека сега останува да се види како на ова ќе реагира Јувентус, клубот на Влаховиќ, посебно ако се знае дека “светците“ нема да штедат пари за да му удоволат на Килијан Мбапе.