Новиот формат на Лигата на шампионите ќе создаде вистински хаос во Англија

270

Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе бидат во сосема нов формат од сезоната 2024-25. УЕФА одамна одлучи целосно да го промени начинот на кои се одржуваат овие двe натпреврувања. Во иднина ќе имаат 36 учесници и групната фаза ќе се одвива на сосема поинаков начин. Наместо претходните 8 групи од по 4 екипи, ќе има една заедничка лига, при што секој од учесниците ќе одигра 8 натпревари против 8 различни противници (4 како дома и 4 на гости), наместо претходните 6. натпревари против 3 противници. Најдобрите 8 екипи во конечниот пласман ќе се пласираат во 1/8-финалето, а оние од 9 до 24 ќе играат елиминации меѓу себе за да ги одредат останатите 8 екипи во следната фаза.

Сето ова ќе бара промени во фудбалскиот календар, бидејќи групната фаза повеќе нема да завршува во декември, туку ќе продолжи до крајот на јануари. Ова би можело да направи проблеми во сите шампионати, а особено во Премиер лигата кога околу Нова Година календарот е пребукиран што се вели.

Првото коло во Лига Европа ќе се совпадне со третото коло од Лига купот. Потоа, две од европските кола во декември и јануари ќе се соочат со 1/4-финалето и 1/2-финалето на истото натпреварување. Но, тоа не е се, бидејќи последните кола во Европа на крајот на јануари паѓаат во датум кога, во принцип, треба да се одигра цело коло од Премиер лигата.

Тоа значи дека најавите кои доаѓаат од Англија околу ФА купот и Лига купот и нивно поместување односно и евентуално укинување може да се случи побрзо од очекуваното.

 

ПретходноПМФЛ: Дербито на Чаир, Кавадарци е спремно за “пиратите“, фудбалски празник во Прилеп!
СледноКениецот Киплагат е победник на “Скопскиот маратон“, Дарио Ивановски втор! (ФОТОГАЛЕРИЈА)