Расел казнет: Ќе мора да стартува од боксот на ГН на Сингапур

120

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе мора да тргне од боксот на денешната трка за Големата награда на Сингапур. Како што објави светската асоцијација ФИА во неделата пред трката, која започнува во 14 часот, Расел ќе биде казнет поради неовластено инсталирање на нова погонска единица.

Ова ги поместува Мик Шумахер со Хаас и Себастијан Фетел со Астон Мартин на позициите 12 и 13. Расел првично се квалификуваше како единаесетти. Сепак, тогаш од тимот одлучија да биде инсталиран нов погон на неговиот автомобил, а Расел го надмина бројот на компоненти дозволени за една сезона.

ПретходноНатпреварите во Шпанија ќе почнат со минута молчење во спомен на жртвите од Индонезија
СледноПознат е добитникот на “Златната топка“!? (ФОТО)