Сасуоло со „петарда“ против Салернитана, Монца триумфално низ Џенова

70

Тимот на Сасуоло на домашен терен не само што немаше проблеми да обезбеди уште една победа сезонава туку тоа го направи во голем стил. Со триумф од 5:0 против тимот на Салернитана. Лауриенте погоди уште во 12. минута за водство, а Пинамонти згоолеми на 2:0 пред полувреме. Во вториот дел Торсвет, Харуи и Антисте до врв ја наполнија мрежата на гостите.

Во Џенова пак, тимот на Монца успеа да слави со огромни 0:3 преку Песина, Цапрари и Сенси кои беа стрелци во триумфот од 0:3, додека пак Лече не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра само 1:1 против Кремонезе.

 

ПретходноСилекс му „откина“ бод на Шкупи на Чаир, Шкендија со пресврт до триумф во Прилеп (ВИДЕО)
СледноПерез го освои Сингапур