Тимот на Силекс успеа да остане непоразен на денешното гостување на Чаир, каде што одигра 0:0 против актуелниот првак тимот на Шкупи. И покрај најавите дека Чаирчани денеска одат на три бода, тоа во пракса не успеаа да го остварат, и избраниците на Гоце Седлоски ќе мора на друго место и во друга прилика да бараат полн плен. Од друга страна Силекс сосема заслужено дојде до бод, а можеше и до три затоа што Јанкулов имаше одлична можност на петнаесетина минути до крајот на мечот но истата не ја искористи.
Шкендија со пресврт до три бода
Од друга страна пак во прекрасна атмосфера и пред повеќе илјадна публика, во Прилеп тимот на Шкендија иаго губеше со 1:0 сепак на крајот успеа да слави со 1:3.
Херој на гостите е Љупче Дориев кој успеа да израмни на 1:1 откако домашните поведоа преку Ѓурковиќ, а потоа и да асистира за Шала кој донесе водство од 1:2.
Во последните секунди од мечот, Дориев со својот втор гол ги постави конечните 1:3.
Тиквеш добар против Скопје
Во Кавадарци пак, тимот на Тиквеш успеа со головите на Темелков односно Мишов со 2:0 триумфираше над Скопје. Во дуел во кој домаќинот доминираше и ја имаше контролата на мечот, Тиквеш покажа и докажа дека кризата пред се резултатска е минато и дека се тотално вратени во овогодинешниот шампионат.