Иако поради повреда не допатува на двата последни меча за Македонија во циклусот од Лигата на Нации, Валон Етеми денеска се најде во составот на Истанбулспор за првенствениот меч со екипата на Фатих. Нашиот репрезентативец тргна од клупата за резерви и ги одигра последните 20 минути за гостите.
Она што е битно, Етеми беше клучната фигура во победата на Истанбулспор, затоа што по само 2 минути откако се најде во игра асистираше за вториот гол за гостите и победата од 1:2.
⚽️GOL: 74′ Jetmir Topalli
Fatih Karagümrük 1-2 İstanbulspor
Maç yayınları ve anlık goller için takip: @GoltubeTv pic.twitter.com/YVDxddGO3O
— Goltube – Süper Lig goller (@goldepo002) October 3, 2022