Миовски: Целта се знае, да бидам прв стрелец во Шкотска

213

Македонскиот репрезентативец и интернационалец во шкотски Абердин, Бојан Миовски го игра фудбалот на својата досегапна кариера. Веќе постигна седум голови, и е број еден играч на екипата.

По викендот дуелот против Килмарнок, во кој Миовски постигна два гола тој во опширно интервју даде мислење за она што му се случува во моментов.

„Секако дека ми одговара овој напаѓачки фудбал кој го игра Абердин. Затоа и сум тука. Ми беше предочен планот по кој ќе се движат работите како менаџментот го гледа тимот сезонава, и затоа инсистирав да дојдам тука. Абердин е одлична средина за мене во моментов. Среќен сум за головите секако. Сакав да постигнам и хет трик но еден час на терен за мене во моментов се доволно. Имав напорен период со нациоалниот тим доста патувавме, загубивме два дуели. Што се однесува до головите мислам дека ќе ги има уште многу затоа што се чувствувам одлично и ќе ги има уште многу. Мојата цел се знае, како и на секој напаѓач. Да бидам број еден во Шкотската Премиер лига“ – изјави Миовски.

ПретходноПуштени во продажба билетите за ракометното ЕП во Скопје
СледноЗлатан денеска полни 41 години, стигна посебна честитка од Милан! (ФОТО)