Нкунку во Челзи од јануари

99

Англиските медиуми денеска пренесуваат дека досегашиот играч на Ред Бул Лајпциг, Кристофер Нкунку во јануари дефинитивно се сели во Лондон и ќе потпише за Челзи.

Во дил во кој Челзи ќе треба да плати нешто повеќе од 50 милиони фунти, репрезентативецот на Франција ќе биде уште еден дел од новиот мозаик кој се склопува во Лондон.

Нкунку пристигнува во Англија по одличните настапи за Ред Бул каде што пак дојде од ПСЖ во 2019 година. Во меѓувреме стана главен играч, репрезентативец и посакуван од секој голем клуб пред се од Англија. Ливерпул летово беше заинтересиран, но не дојде до конкретни преговори, па Челзи ја искористи оваа шанса.

Челзи веќе направи сериозна реконструкција на тимот во кој новиот сопственик Том Боели ги доведе летово, Марк Кукурела, Калиду Кулубали, Весли Фофана, Пјер Емерик Обамеганјг, Рахим Стерлинг трошејќи нешто помалку од 300 милиони фунти. Сепак, очигледно дека тоа не е доволно, па менаџментот планира нори потези за јануари уште од сега.

 

 

 

ПретходноЗарем ова е пенал: Најголемата судиска грешка во историјата во фудбалот! (ВИДЕО)
СледноМајами го задржува најдобриот шести играч во НБА лигата