ТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Велкоски со двоен удар за штипјани

392

Дури сега се покажува што значи Крсте Велкоски за Работнички. Што значи искусниот офанзивец, капитенот на тимот. Кога тој е расположен за игра и голови тогаш Работнички победува. Така беше и во саботата кога Крсте со два гола им зададе двоен удар на штипјани и помогна неговиот тим да победи со 1:3. Според нас тој е играчот на колото.

Покрај него во тимот на колото од Работнички се Алими и Рушевиќ. Македонија ЃП ја сопре серијата на Струга ТЛ, одличен настап имаа Алексовскикој постигна гол и Мишевски. Шкендија со пресврт дојде до победа во Прилеп, Дориев со два гола и Бејтулаи уште еднаш покажаа зошто се репрезентативци.

Шабани од Струга ТЛ уште еднаш имаше одличен настап, постигна прекрасен гол во Ѓорче. Силекс извади бод на Чаир, секако дека Божиновски и Љамалари се истакнаа. Тиквеш го победи Скопје, а еден од стрелците беше Темелков.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

КРСТЕ ВЕЛКОСКИ

Тим: Работнички

Роден: 20.02.1988 во Струга

Кариера: Работнички, Металург, Чеалул, Енозис Паралими, Сараево, Инчон, Сват Кат, Сараево, Работнички

ПретходноПуштени билетите за мечот со Партизан – навивачите со клупски обележја во посебни сектори
СледноИлиевски за претстојниот меч со Струга: Не одиме таму за да го видиме езерото