Ракометарите на Бутел се подготвуваат за утрешниот реваш против Алпла Хард во 2. Коло од квалификациите за ЕХФ Европската лига. Голманот Бојан Блажески, смета дека реваншот во Скопје е историска шанса за клубот.
„Натпреварот е од големо значење за нас како клуб. Ова е историска шанса за која ќе дадеме се од себе за да ја искористиме. Алпла Хард е одлична екипа со добра ротација и постојано го казнуваат противникот со брза игра, без разлика на резултатот. Рецептот за триумф е цврста одбрана, технички грешки да се сведат а минимум. Таму одигравме квалитетна одбрана, но ни недостасуваше дисциплина во нападот и реализација во клучните моменти. Сега ќе имаме поголем ростер на располагање и подобра свежина во играта. Ние сме мотивирани и ќе дадеме се од себе за да приредиме одлична партија и резултат. Негативата не е мала, но исто така не е недостижна“, вели Бојан Блажески.
Мечот во СЦ „Борис Трајковски“ утре започнува од 18.45 часот.