Уругвајскиот стратег Галилео Галилеј Перкович Лопес е новиот тренер на Мидлсбро, соопштија од клубот. Тој доаѓа на местото на Крис Вајлдер кој доби отказ, а Лопес му беше помошник.
Причина за тренерската рокада се слабите резултати на „Боро“ во Чемпионшип затоа што во 11 натпревари впиша само две победи.
Инаку Галилео Галилеј Перкович или скратено Лео Перкович е поранешен голман, бил и репрезентативец на Уругвај, а играл за Атлетико Минеиро, Флуминенсе, Алијанца од Лима но никогаш не играл во Европа.