Гвардиола откри која е разликата меѓу Меси и Халанд

355

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја откри разликата меѓу Ерлинг Халанд и Лионел Меси.

Халанд е во извонредна форма откако му се приклучи на Манчестер Сити летото, постигнувајќи 17 гола и три асистенции во сите натпреварувања за шампионот на Англија.

Норвежанецот постигна хет-трик во дербито над Манчестер Јунајтед во неделата и го зголеми својот број погодоци во Премиер лигата на 14 во досегашниот дел од сезоната.

Запрашан по натпреварот дали со Халанд ги имаше истите сензации како кога беше на чело на Барселона и работеше со Меси, Гвардиола ја вели:

„Можеби разликата е во тоа што на Ерлинг му требаат сите соиграчи, додека Меси може да го направи тоа сам“.

ПретходноБутел се „остри“ за Алпла Хард: „Негативата не е мала, но не е ни недостижна“
СледноНема противкандидат за прв човек на УЕФА: Чеферин ќе оди на уште еден мандат