Игуаин објави дека ќе се пензионира по завршување на сезоната во МЛС

123

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин најави заминување во пензија по крајот на сезоната со Интер Мајами. Аргентинецот за два месеци ќе наполни 35 години, а оваа сезона одигра неколку добри натпревари за клубот од Флорида кој на два кола пред крајот се наоѓа во добра позиција за пласман во плеј-офот.
„Пипита“ играше за бројни клубови во Европа, со Наполи рушеше рекорди во Серија А, а потоа го засили Јувентус, па отиде во Милан, играше и за Челзи, па од таму замина во Мајами. За Аргентина одигра 75 натпревари и запиша 31 гол.

ПретходноМиленкоски подобар од Ѓорѓиев за прв трофеј на клупата на ПАОК
СледноКоментар на 9.коло: Брегалница си тера по старо, а Тиквеш е четврти!