Работнички оствари победа со 1:3 во гости со Брегалница во 9. коло од ПМФЛ и тоа беше деби на новиот тренер на „романтичарите“ Милан Илиевски. Веќе во среда Работнички го чека нов предизвик, а тоа е против лидерот Струга ТЛ во Купот.
„Сигурно нема да одиме таму само за да го видиме езерото. Имаме свои идеи, имаме свој план, имаме и максимално мотивиран тим кој сака да одигра нов квалитетен натпревар. Струга Трум Лум има одличен состав, непоразени се од почетокот на сезоната, но Купот е секогаш интересно натпреварување, а само еден може да продолжи во следната рунда“, истакнува Илиевски.