Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин, на денешката конференцијата на Меѓународната асоцијација за спортски печат која се одржа во Рим најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат следната година.
Тој, според моменталната ситуација, веројатно ќе биде единствениот кандидат на 47-от изборен конгрес на УЕФА што ќе се одржи во Лисабон на 5 април 2023 година.