И дефинитивно Новак Ѓоковиќ е миленик на целиот Балкан, на Србите, Македонците, Хрватите и сите останати народи на овие простори кои просто се радуваат на секој негов успех. Се чини дека по сите тешки години, децении и војни, само Новак може да ги зближи народите на Балканот а посебно да ги зближи Србите и Хрватите.
Па така во финалето на турнирот во Тел Авив бевме сведоци на прекрасни сцени. Имено на мечот меѓу Ѓоковиќ (Србија) и Чилиќ (Хрватска) имаше неколкумина фанови кои беа облечени во хрватски дресови а во рацете имаа српски знамиња.
Нема што, прекрасна глетка.