Пеп критикува: И покрај победата од 6:3 некои играчи не беа доволно добри!

216

Уште еднаш се покажува дека Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити е голем перфекционист. Тој по големото дерби со Манчестер Јунајтед, на кое неговиот тим победи со 6:3, иако според шансите и играта требаше да биде барем двојно повеќе, сепак ги критикуваше своите играчи, или барем дел од нив:

Првото полувреме беше добро, постигнавме четири гола, но можевме да постигнеме повеќе. Во вториот дел се случи тоа што се случи. Секако дека ова е одлична победа, фановите на трибините уживаа во оваа фудбалска претстава. Јас и покрај тоа што победивме со 6:3 не сум баш најзадоволен од некои играчи, тие не беа доволно добри. Имаа премногу погрешни додавања, во иднина тие мора да го подобрат својот настап“ рече покрај другот стратегот на Сити.

ПретходноПРВОТО КОЛО OД „ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ” НА 2WIN.MK ДОНЕСЕ СКУТЕР ЗА АЛЕКСАНДАР И ТАБЛЕТ ЗА ЗОРАН
СледноКарвахал од нервоза го шутна микрофонот покрај аут – линијата! (ВИДЕО)