Рајковиќ и ЦСКА стартуваа со убедлива победа

159

Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ со победа дебитираше во ВТБ лигата како тренер на ЦСКА Москва.
Најтрофејниот тим во ова натпреварување славеше на гостувањето кај Самара со 85-72 и ја оправда фаворитската улога. Во еден момент ЦСКА водеше и со 23 поени разлика (60-37) меѓутоа веројатно дојде до опуштање на кошаркарите, па разликата се сведе на 13. Како и да е ЦСКА тргна со победа во шампионатот.
Алексеј Швед со 20 поени беше најефикасен во московскиот тим.

ПретходноГалилео Галилеј стана тренер на тим од англискиот Чемпионшип
СледноСтојановиќ го објави списокот на ракометари за двата меча со Црна Гора